Килијан Мбапе својата трета сезона во Реал Мадрид ја започна со трет тренер од кого е импресионан и под чија палка игра фантастично.
Францускиот репрезентативец на седумте меча за Реал Мадрид сезонава постигна осум гола и има три асистенции, и во интервју за весникот „Ас“, открива дека е импресиониран од актуелниот тренер Жозе Муруњо на професионален план, но и како личност.
„Мурињо е еден од најинтелигентните луѓе кои ги имам сретнато во животот. Тој е лидер, тоа го знаев и пред да дојде, но кога го гледате секој ден, сфаќате дека е специјална личност и легендарен тренер. Жозе обележа една епоха во фудбалот и ќе продолжи да го прави тоа и со нас“, вели Мбапе.
Интересно е што Мбапе во трите сезони во Реал Мадрид, секоја ја започнуваше со друг тренер, дебитираше кај Карло Анчелоти, минатата сезона ја започна под тренерската палка на Чаби Алонсо кој во текот на сезоната беше заменет со Алваро Арбелоа, а сезонава тренер на Кралевите е Мурињо.
„Анчелоти, Чаби Алонсо, Арбелоа и Мурињо, сите четворица се важни фигури во фудбалот. Од секој од нив научив нешто бидејќи имаат различен поглед на фудбалот. Тие се победници во нивните кариери и секогаш се учи од нив, но да бидам искрен, со Жозе е поинаку, тој навистина е специјален“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
