Мбапе е неверојатeн – Спринт преку половина терен за пет секунди и историски погодок (ВИДЕО)

Килијан Мбапе ја потврди својата животна форма во дербито на 30. коло од францускиот шампионат и во еден од најважните натпревари во сезоната, победата на ПСЖ против Лион (4-2) што го врати неговиот клуб на првото место.

Мбапе ги постигна првиот и четвртиот погодок за гостите, а неговиот втор гол е историски. Покрај тоа, Мбапе постигна гол многу сличен на оној од пред само три дена, кога погоди за конечни 3-0 против Лил, кој е втор ривал за титулата во Франција.

Против Лион, Французинот исто така се ослободи од својот противник со неверојатно брз спринт преку половина терен, по што ладнокрвно постигна гол. Мбапе беше на центарот од теренот, по што го забележа Марко Верати и му ја испрати топката во рпазен простор.

Мбапе со неверојатен спринт тргна кон голот оставајќи ги зад себе чуварите Денајер и Марсел, кои не можеа да го следат неговото темпо. И покрај спринтот од половина терен, Мбапе не ја загуби силата и концентрацијата кога дојде пред голот. Тој рутински го совлада голманот Aнтони Лопез.

Се вчитува...