Мбапе го напушта ПСЖ – Покетино најавува тим од мега ѕвезди

Маурисио Покетино неодамна ја презеде клупата на ПСЖ и јасно е дека ќе направи коренити промени во составот на „светците“ во летниот преоден рок. Неофицијално, тој веќе ја презентирал својата идеја пред челниците на клубот, а приоритет ќе му биде да се обиде да ги донесе Лионел Меси и Серхио Агуеро кои ќе бидат слободни играчи на крајот од сезоната.

Доаѓањето на овие две мегаѕвезди и потпишувањето на нов договор со Нејмар се јасен знак дека Покетино нема да смета на Килијан Мбапе, кој ќе има само уште 12 месеци од договорот со „светците“ и ќе биде продаден. Мбапе има голема желба да ја продолжи кариерата во дресот на Реал Мадрид, па останува да се види дали „кралевите“ ќе платат 150 милиони евра, колку ПСЖ најави дека ќе бара за својот извонреден стрелец. Доколку ги добие овие пари, Покетино веднаш може да ги инвестира во Агуеро и Меси, кои би стигнале без никаква отштета, но и во Серхио Рамос, кој исто така е достапен како слободен играч по истекот на договорот со Реал Мадрид.

Покетино сака ПСЖ да игра во формација 4-3-3, а неговата желба е Нејмар, Агуеро и Меси да бидат во нападот, што сигурно би бил вистински спектакл за гледање.

Се вчитува...