Мбапе го врати ПСЖ на врвот во Лига 1 (ВИДЕО)

Пари Сен Жермен на „крилјата“ на Килијан Мбапе стигна до значајна победа на гостувањето кај Мец од 1-3. Младиот Французин беше стрелец на головите за „светците“ во 4. и 59. минута, a Икарди од пенал во 89. ги постави конечните 1-3. Еединствениот погодок за домаќините го постигна Сентонзе во 46. минута.

Со оваа победа ПСЖ се врати на врвот на табелата во Франција со 72 бода, односно два повеќе од второпласираниот Лил кој утре во дербито на колото ќе му гостува на Олимпик Лион.

 

 

Се вчитува...