Мбапе и Икарди му го донесоа на ПСЖ куп трофејот (ВИДЕО)

Пари Сен Жермен стигна до титулата во францускиот куп откако во финалето славеше над Монако со 0-2. Мауро Икарди во 19. минута донесе водство за „светците“ од 0-1 резултат со кој се замина на пауза.

Во вториот дел конечните 0-2 ги постави Килијан Мбапе во 81. минута. За клубот од Париз ова беше 14. трофеј во клупската историја во ова натпреварување со кој останува на врвот како најтрофеен клуб во Франција.

 

Се вчитува...