Мбапе испиша рекорд во победата против Грција, реми на Словенија и Данска

Килијан Мбапе запиша нов рекорд зад своето име откако стрелаше во победата на Франција од 1-0 против Грција во четвртото коло во квалификациите за Евро 2024.

Дваесетичетиригодишниот голгетер ја затресе мрежата од белата точка во 55. минута запишувајќи го 54 гол во сезоната кога станува збор за погодоците за клубот и националниот тим со што го престигна Жуст Фонтен како најдобар француски голгетер.

Словенија и Данска пак ремизираа со 1-1. Шпорар го отвори натпреварот со гол во 25. минута, а конечниот резултат го постави Хојлунд во 42. минута.

Останати натпревари:

Белорусија – Косово 2-1
Ирска – Гибралтар 3-0
Израел – Андора 2-1
Северна Ирска – Казахстан 0-1
Швајцарија – Романија 2-2
Турција – Велс 2-0

Се вчитува...