Мбапе јавно призна што мисли за Јамал: „Имам чувство…“

Пред неколку дена, Реал Мадрид играше на гостински терен во Елче во шестото коло од Ла Лига и успеа да освои три бода славејќи со 2-3.

Сепак, во центарот на вниманието беа Килијан Мбапе, Винисиус Жуниор и Ибрахим Конате, кои сокрија порака на дрес посветена на жителите на Сеута, каде што веќе некое време владее мигрантската криза.

Играчите од двата тима испратија пораки за поддршка, но споменатото трио носеше дресови на таков начин што пораките воопшто не беа видливи, поради што беа под жестоки критики.

Затоа Мбапе одлучи да се појави јавно и даде интервју за АС во кое објасни зошто направил таков потег. Сепак, кај фудбалската јавност најголемо внимание предизвика мислењето на Мбапе за Ламине Јамал.

Многумина веруваат дека овие двајца моментално се меѓу најдобрите играчи во светот. Покрај Хари Кејн, Мбапе и Јамал се главните кандидати за освојување на Златната топка, која ќе биде доделена следниот месец.

Како и да е, Французинот ја воодушеви јавноста бидејќи не штедеше пофални зборови за ѕвездата на Барселона.

„Ламин Јамал е исклучително талентиран фудбалер и имам чувство дека ќе има навистина одлична кариера“, рече Мбапе во интервјуто за АС и додаде.

„Му посакувам нему и на неговото семејство, но и на сите оние што ги сака, се најдобро.“

Јамал влезе во новата сезона на одличен начин бидејќи во изминатите седум натпревари постигна осум гола и додаде четири асистенции.

Мбапе е исто така одличен, исто така постигна осум гола во своите седум настапи во сите натпреварувања, но во споредба со Јамал, има две асистенции помалку.

Се вчитува...