Фудбалерот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, зборуваше за новиот шеф на тренерскиот штаб, Жозе Мурињо, пред стартот на новата сезона во Ла Лига.
Првиот член на Реал влегува во новата сезона со голем оптимизам, убеден дека на чело на тимот е човек создаден за трофеи.
Мбапе не го криеше задоволството од соработката со познатиот португалски стручњак.
„Исклучително е позитивно да имаме тренер како Мурињо, кој совршено знае како да победува и кој ни покажува точно по кој пат треба да одиме за да стигнеме до успех. Секој играч е среќен кога има човек на клупата кој знае каде оди во секое време, а тоа ни дава огромна сила“, рече Французинот и додаде:
„Пресреќен сум што се вратив, што тренирам и што го запознав новиот стручен штаб. Повторното соединување со моите соиграчи секогаш носи голема енергија. Прекрасно е чувството повторно да се биде тука, да се работи, да се игра и да се подготвува за сите предизвици што нè очекуваат во новата сезона“.
Ла Лига започнува денеска, но Реал Мадрид ќе мора да почека за својот прв настап бидејќи шпанското натпреварување ги одложи дел од натпреварите од првото коло поради големиот број играчи кои имаа продолжени обврски за Светското првенство 2026.
Реал игра има пријателски натпревар со Шалке утре, а потоа на 22 август гостува кај Еспањол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
