Мбапе: Не чувствувам притисок против најдобрите тимови во светот, чувствувам само „глад“ за нови победи

Фудбалерите на Пари Сен Жермен славеа како гости против Баерн Минхен во првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите, а по мечот, херојот на францускиот претставник Килијан Мбапе изјави дека е мотивиран од фактот дека играл против сегашниот Европски шампион.

Мбапе постигна погодоци во третата и 68-та минута, па сега има осум погодоци во тековната сезона во Лигата на шампионите. Само Ерлинг Халанд постигна повеќе голови од него – десет.

„Сакам да играм против најдобрите во светот, а Мануел Нојер е еден од најдобрите голмани во историјата. Не чувствував никаков притисок. На последниот натпревар не успеав да му дадам гол во финалето, но се надевам дека повторно ќе успеам да го совладам како што успеав и на овој меч. Сакам вакви натпревари. Во минатото, не секогаш ги добивавме, можеби нема и во иднина, но не сакам да се кријам. Сакам решителност и митивираност за време на еден натпревар. Тие во моментов се најдобриот клуб во Европа, но ние игравме како тим. Вториот натпревар допрва не чека и ништо не е готово“, изјави офанзивецот на ПСЖ.

За посетување, реванш дуелот е закажан за следната недела во Париз, Франција.

 

Се вчитува...