Пред церемонијата за доделување на „Златната топка“, закажана за 26 октомври, Килијан Мбапе отворено изјави дека се смета себеси за главен фаворит за оваа престижна награда.
Францускиот напаѓач и ѕвезда на Реал Мадрид нагласува дека зад себе има сезона со индивидуални достигнувања што тешко се надминуваат.
„Минатата сезона немаше подобар играч од мене. Имам аргументи да ја освојам наградата. Да станеш најдобар стрелец во историјата на Светското првенство на 27-годишна возраст, да ја надминеш легендата како Меси на најважниот турнир во нашиот спорт… Мислам дека оваа година направив работи што ме издвојуваат“, вели Мбапе.
На репрезентативно ниво, Мбапе доминираше на првенството со десет гола, достигнувајќи вкупно 22 гола на Светските првенства и искачувајќи се на врвот на вечната листа на стрелци. Во негова полза одат и клупските настапи откако сезоната ја заврши со 25 гола во Ла Лига и 15 во Лигата на шампионите.
Иако дел од јавноста забележува дека му недостасуваат трофеи во одредени тимски натпреварувања, Мбапе смета дека критериумите се јасни:
„Секако дека тимскиот контекст е важен бидејќи фудбалот е колективен спорт, но ова е индивидуална награда. Според мене, ’Златната топка’ никогаш не им се доделувала на обични играчи, туку на оние што се поинакви. Ако Меси дојдеше на церемонијата и победеше, ќе речев дека тој е најдобар. Истото важи и ако победеше Кристијано. Оваа година јас имам одлична шанса“, изјави Мбапе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
