Фудбалерот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, реагираше со соопштение откако беше цел на критики од навивачите. Мбапе се опоравува од повреда и наместо да ги бодри своите соиграчи на натпреварот против Еспањол, беше „фатен“ на јахта со девојка.
Навивачите фрлаа дрвја и камења, мислејќи дека такво нешто на средина од сезоната е неприфатливо. Поради тоа Мбапе мораше да издаде соопштение.
„Критиките упатени кон него се базираат на претерување со деталите за неговото закрепнување, кое се одвива под строг надзор на клубот. Тоа реално не ја одразува посветеноста на Килијан и напорот што го вложува секој ден за доброто на тимот“, соопшти тимот на Мбапе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
