Мбапе одлучил: Не потпишува нов договор со ПСЖ!

Килијан Мбапе му донесе на ПСЖ многу важна победа на ПСЖ на гостувањето против Баерн, но неполни 24 часа подоцна следи непријатна вест за фановите на „светците“ поврзана со францускиот репрезентативец. Имено, бројни медиуми ширум Франција и Европа денеска објавија дека Мбапе е решен да си замине од „Паркот на принцовите“, одлука за која веќе ги има известено и челниците на клубот.

Преговорите за нов договор меѓу ПСЖ и Мбапе траат повеќе од една година, но на францускиот ас дефинитивно му пречи што заработуваше речиси двојно пониска плата од Нејмар. Иако навидум двајцата делуваат пријателски настроени на теренот, Мбапе не сака да биде во сенка на Бразилецот, па во ситуација кога Нејмар е пред нов договор со „светците“, Французинот донел одлука дека најдобро за него ќе биде да ги промени клупските бои.

ПСЖ засега не ја коментира оваа вест, но јасно е дека доколку е вистина „светците“ ќе инсистираат на продажба на големиот ас летово, за да не ризикуваат тој во 2022 година да си замине без никава отштета. Француските медиуми најавуваа дека ПСЖ ќе бара 200 милиони евра, сума што воопшто не е реална за играч кој ќе има само една година од договорот. Реал Мадрид и Ливерпул се клубовите кои покажуваа најсериозен интерес во последните месеци, но ниту „кралевите“ ниту пак „црвените“ од „Енфилд“ немаат намера да плаќаат богатство за играч кој догодина би можеле да го добијат „гратис“.

Се вчитува...