Мбапе откако ПСЖ остана без титула: Сакам да мислам дека клубот за кој играм сака големи нешта, од ПСЖ го знаат мојот став

ПСЖ остана без титула во француското првенство откако сензација на сезоната, Лил во последниот натпревар во сезоната со победа од 2-1 против Ангерс го завери првото место на табелата. Избраниците на Маурицио Покетино претходно останаа и без шанси за трофеј во Лигата на Шампионите, ПСЖ беше запрен во полуфиналето од Манчестер Сити па сезоната за парижаните може да се карактеризира како неуспешна.

Епилогот може да создаде и дополнителни проблеми на „Паркот на Принцовите“ со оглед на тоа што Килијан Мбапе сеуште го нема продолжено договорот со клубот, а успесите се главната мотивација на младиот Французин. Откако ПСЖ остана без титула се огласи и самиот Мбапе кој изјави дека тимот ја знае неговата позиција.

„Отсекогаш сум им бил благодарен на претседателот и на моите тренери. Тоа што го сакам се победиме. Осеќам дека сум на место на кое можам тоа да го покажам, во смисла дека околку мене постои солиден проект. Живеам за фудбалот и тоа ми е најбитно. Сакам да мислам дека клубот за кој играм може да стигне до крајот во ЛШ. Во преговори сум со ПСЖ и ќе видам што ќе се случи со мојот договор. Со клубот сум многу јасен. Тие знаат каков однос имам со ПСЖ, со градот и со државата. Ќе биде тоа што ќе биде, на овој или на оној начин“, изјави Мбапе.

Се вчитува...