Килијан Мбапе синоќа од клупата влезе во игра во победата на Реал Мадрид над Овиедо од 2-0, а по мечот застана пред камерите, и отворено напаѓајќи го тренерот Алваро Арбелоа.
„„Целосно сум подготвен. Не играв затоа што тренерот ми рече дека сум четврти напаѓач зад Франко Мастантуоно, Винисиус Жуниор и Гонзало Гарсија. Бев подготвен да бидам стартер, но тоа е одлука на тренерот и мора да се почитува. Не сум лут.““ – рече Мбапе, осврнувајќи се на тоа дека не е стартер.
Неговата изјава наскоро беше демантирана од тренерот Алваро Арбелоа на прес-конференцијата по мечот:
„Веројатно не ме разбрал добро. Не знам што да ви кажам, не му кажав дека е четврти напаѓач“ – рече Арбелоа.
За неговиот однос со Арбелоа
„Немам никакви проблеми со Арбелоа. Мора да го почитуваме. Мора да ја прифатиме филозофијата на тренерот, а јас морам да се подобрам за да играм пред Винисиус, Гонзало и Мастантуоно“ – рече претходно Мбапе.
За евентуално заминување од клубот
„Многу сум среќен во Мадрид. Зошто би сакал да си заминам?“
За свирежите на навивачите
„Мора да се прифати. Мислам дека луѓето само го изразуваат своето мислење. Не треба да го сфаќате лично. Никој нема да умре вечерва. Нормално е кога не освојувате трофеи, навивачите да избираат играчи за да ги исвиркуваат. Тоа се случува во Реал Мадрид и во сите клубови во светот. Не гледам што е посебно во тоа. Кога не победуваме – тоа е животот“ – рече Мбапе и дополни:
„Ми беше жал што не играв на Ел Класико. Тоа е животот. Не можеме да го промениме мислењето на луѓето. Тоа е нивниот начин на изразување и јас не го сфаќам лично. Во мојата кариера, веќе имав моменти кога ме исвиркуваа. Тоа е дел од фудбалот и животот. Понекогаш навивачите не се среќни, но секогаш се тука.“
🚨🚨 MBAPPÉ 🇫🇷 SE FAIT HUER PAR TOUT LE BERNABEU !!!! 😳 pic.twitter.com/XEDNAl5ODk
— Actu Foot (@ActuFoot_) May 14, 2026
Италија, приватен авион и нов хаос
„Кога не бев во Мадрид, имав дозвола од клубот. Не бев единствениот, но мора да го прифатите тоа и да продолжите понатаму. Лесно можам да ја сменам оваа ситуација.“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
