Мбапе се правда по скандалот: Постојат луѓе кои патат секој ден…

Фудбалерот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, го објасни својот потег за време на натпреварот против Елче. Мбапе, исто како и Винисиус и Ибрахима Конате, се обиде да го скрие натписот на маицата што сите играчи ја носеа пред натпреварот во Ла Лига.

На неа пишуваше „Сите сме скуши“, што е прекар за жителите на Сеута град кој со месеци се соочува со криза поради нелегалниот прилив на мигранти од Мароко. Сеута се наоѓа во Северна Африка и граничи со Мароко. Во градот, кој брои 85.000 жители, навлегоа 72.000 илегални мигранти од Мароко, предизвикувајќи хаос.

Оттогаш, десетици илјади Шпанци излегоа на улиците за да протестираат против начинот на кој владата се справува со мигрантската криза.

„Клубовите донесоа одлука да се носат тие маици. Ние, играчите, моравме да ги носиме. Првото нешто што сакам да го кажам е дека целосно сочувствувам со Сеута и со сите луѓе. Пред да бидам фудбалер, јас сум човек. Сакав да направам гест и да ги изразам своите мисли за сите мигранти кои ги загубија животите и кои живеат во тешки услови. Ситуацијата не беше лесна, бидејќи луѓето можеа да помислат дека сум против жителите на Сеута, но не, апсолутно не. Немам ништо против нив, ги поддржувам 100%. Сакав да мислам на луѓето што страдаат, бидејќи на крајот на краиштата, јас сум човек и не сакам да правам разлика во страдањето. Има луѓе што страдаат и тоа ме растажува. Јас сум човек кој сака најдобро за сите. Сакам да испратам порака на позитивност и мир и се надевам дека ова брзо ќе се реши“, изјави Мбапе. 

Се вчитува...