Мбапе во „клубот 100“, ПСЖ покажа кој е кој во Франција

ПСЖ се врати на врвот на табелата од францускиот шампионат со вечерашниот триумф од 2-4 на гостувањето против Лион. „Светците“ го одиграа својот најдобар овосезонски меч, доминираа на теренот и заслужено стигнаа до трите бода со кои сега се рамо до рамо со Лил, но поради подобрата гол-разлика се и лидери на табелата.

Килијан Мбапе ја искористи својата прва шанса на мечот, кога по една одбиена топка успеа да ја смести во мрежата на Лион. Ова беше вкупно 100. погодок на Мбапе во француското првенство, извонредна бројка за младиот суперталентиран француски репрезентативец. На 0-2 уште во првото полувреме зголеми Данило, а во вториот дел меѓу стрелците се запишаа Ди Марија (директно од скратен корнер) и повторно Мбапе.

Откако победникот беше решен, Лион до крајот успеа само да го ублажи поразот со головите на Слимани и на Корне.

Се вчитува...