Реал Мадрид синоќа со 2-0 славеше против Овиедо во Ла Лига, во беезмалку неважен натпревар. Сепак, главната тема е Килијан Мбапе, кој влезе во игра кон средината на второто полувреме и асистираше на голот на Белингам.
Навивачите на Реал го исвиркаа Мбапе кога влезе на местото на Гарсија и јасно е дека тој е најомразениот играч во тимот во моментов поради сè што му се случи во последните неколку недели.
Но, се чини дека Мбапе не сака да молчи и да ја смири ситуацијата бидејќи по натпреварот даде изјава што навистина повторно ќе ги разгори страстите во кралскиот клуб.
Мбапе беше прашан дали е здрав сега и зошто не играл од првата минута, па го посочи Арбелоа…
„Да, здрав сум и подготвен да играм. Зошто не започнав вечерва? Прашајте го тренерот. За него, јас сум четвртиот напаѓач во тимот. Ми рече дека Мастантуно, Брахим и Гонзало се пред мене. Бев подготвен да започнам, но мора да го прашате зошто тоа не се случи. Тоа е негова одлука. Ја почитувам затоа што тој е шеф“, рече Мбапе.
Иако во неколку наврати францускиот напаѓач истакна дека ја почитува одлуката на тренерот, јасно е колку е огорчен што не започна синоќа.
Тој го покажа ова со тоа што истакна дека сега е само четвртиот напаѓач во тимот на Реал, и на овој начин, повторно предизвика лавина од реакции на социјалните мрежи.
🗣️ Mbappé sobre su suplencia frente al Real Oviedo: “Estoy muy bien. Hoy no he sido titular porque Arbeloa me ha dicho que soy el cuarto delantero de la plantilla”.
#LALIGAenDAZN ⚽ pic.twitter.com/RBousiSOMQ
— DAZN España (@DAZN_ES) May 14, 2026
Навивачите на Реал се највознемирени што Мбапе беше на одмор во Италија со својата девојка во моментот кога „сезоната се распаѓаше“ и кога беше повреден, но не беше со тимот за да ги поддржи.
Мбапе не можеше да ја избегне таа тема по натпреварот, но беше јасно колку многу го вознемири она што го бараа.
„Одмор? Не знаете што правев во Италија“, додаде кратко Мбапе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
