Меч на сезоната во НБА: Леброн со тројка од „корнер“ на 0.3 секунди пред крајот…

Во НБА синоќа одигран можеби најдобриот меч во досегашниот тек од сезоната. Актуелниот шампион Кливленд славеше по продолжение на гости против Вашингтон со 140-135 во спектакуларен натпревар, кој во продолжение беше одведен благодарение на тројката на Леброн Џејмс на 0.3 секунди пред крајот од сам агол.

Иако имаше достојна конкуренција во останатите од големата тројка на Кливленд, затоа што Лав постигна 39 поени со 12 асистенции, а Ирвин 11 поени од вкупно 23 постигна во продолжението, сепак Леброн беше играч на мечот со 32 поени, седум скока и дури 17 асистенции, што е негов рекорд во кариерата. Како и да е, овој феноменален негов ефект остана во сенка на неверојатната тројка за продолжение…

На останатите мечеви, Мајами стигна до 11-та едноподруго победа славејќи против Минесота со 115-113, предводен од Горан Драгиќ со 33 поени.

ЛА Лејкерс со триумфот против Њујорк на гости од 107-121 конечно ја прекина серијата порази, а Денвер, пак, славее против Далас со 110-87.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Њујорк – ЛА Лејкерс 121-107, Вашингтон – Кливленд 135-140 (продолжение), Индијана – Оклахома Сити 93-90, Торонто – ЛА Клиперс 118-109, Атланта – Јута 95-120, Детроит – Филаделфија 113-96, Њу Орлеанс – Феникс 111-106, Минесота – Мајами 113-115, Денвер – Далас 110-87, Мемфис – Сан Атонио 89-74, Сакраменто – Чикаго 107-112.

ПЛАСМАН – ИСТОК (Топ 8): Кливленд 35-15, Бостон 33-18, Торнто 32-21, Вашингтон 30-21, Атланта 30-22, Индијана 29-22, Чикаго 26-26, Детроит 24-28.

ПЛАСМАН – ЗАПАД (Топ 8): Голден Стејт 43-8, Сан Антонио 39-12, Хјустон 37-17, Јута 33-19, ЛА Клиперс 31-21, Мемфис 32-22, Оклахома Сити 30-23, Денвер 23-28.

Се вчитува...