Мечкаровски ќе суди во Холандија

Нема одмор за еден од нашите најдобри фудбалски судии, интернационалецот Димитар Мечкаровски. Судиската комисија на УЕФА го одреди за главен судија на квалификациската реванш средба од второто коло за Лига на Европа меѓу холандскиот претставник Аз Алкмар и Каират од Казахстан што ќе се одигра на 2 август. Помошници ќе му бидат Гоце Петровски и Дејан Неделковски, четврти судија е Дејан Јакимовски.

Претходно беше главен судија на 19 јули на мечот Динамо Тбилиси и Дунајска Стреда од Словачка, а на 26 јули четврти судија на средбата меѓу Лајпциг и шведскиот Хакен кој го судеше Александар Ставрев.

М.М.

Се вчитува...