Мечкаровски контролор во Лихтенштајн, Качевски суди во Полска

Претставниците на Фудбалската федерација на Македонија во комисиите на УЕФА и оваа недела се доста ангажирани на европската сцена. Претседателот на Судискиот одбор на ФФМ Димитар Мечкаровски на 19 ноември ќе го контролира судењето на квалификациониот натпревар за настап на Европското првенство идната година меѓу репрезентациите на Лихтенштајн и Луксембург. Во оваа група се уште и репрезентациите на Португалија, Словачка и Босна и Херцеговина.

Задача од Судиската комисија на УЕФА доби и младиот судија од Струга, интернационалецот Јован Качевски кој на 17 ноември во Лоѓ ќе биде главен судија на квалификационата средба за настап на европското првенство, играчи до 21 година меѓу Полска и Израел. Ќе му помагаат Бранко Путилин и Даниел Василевски, четврти судија ќе биде Александар Груевски.

Да напоменеме дека на 16 ноември Александар Ставрев беше главен судија на мечот Грузија – Шкотска, додека Игор Стојчевски  веќе суди на турнирот на млади рептрезентации, играчи до 17 години во Букурешт во Романија, каде ќе остане до 23 ноември.

М.М

Се вчитува...