Мечот меѓу Лос Анџелес и Клуб Америка ќе го даде последниот патник на Светското клупско првенство

Фудбалерите на американскиот Лос Анџелес и мексиканскиот Клуб Америка ќе одиграат плеј-ин натпревар за пласман на Светското клупско првенство, соопшти ФИФА.

Како што објави ФИФА на социјалната мрежа „Х“, плеј-ин натпреварот ќе се игра на 31. мај во Лос Анџелес.

Плеј-ин натпреварот беше организиран за да се пополни празното место со исфрлањето на Леон, кој има ист сопственик како и Пачука.

Победникот од мечот Лос Анџелес – Клуб Америка ќе се најде во групата Д заедно со екипите на Фламенго (Бразил), Есперанса Тунис (Тунис) и англиски Челси.

Се вчитува...