Данил Медведев без проблеми се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Мајами.
Рускиот тенисер, по 90 минути игра, беше подобар од 50. играч на светот, Германецот Доминик Кепфер, славејќ со 7-6(5) и 6-0.
Во четвртфиналето ќе игра и Чехот Томас Махач кој по 80 минути славеше против 38. светски тенисер, Италијанецот Матео Арналди со 6-3 и 6-3.
Махач во четвртфиналето ќе се соочи со подобриот од пресметката меѓу Јаник Синер и Кристофер О’Конел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА