Медведев го исмејуваше Ноле, а на крајот тој заврши со дисквалификација

Данил Медведев се најде во центарот на скандал на АТП турнирот во Пекинг, откако по неговата експресна дисквалификација во полуфиналето против Новак Ѓоковиќ, на социјалните мрежи масовно почна да се споделува еден контроверзен момент од мечот.

На снимката се гледа како рускиот тенисер нагло се наведнува и се фаќа за стомакот како да чувствува силни болки, за веднаш потоа да се исправи и рамнодушно да продолжи да потскокнува во исчекување на сервисот.

Оваа реакција предизвика лавина коментари и остри критики од тениските фанови. Голем дел од нив се убедени дека Медведев намерно и провокативно го имитирал Ѓоковиќ, кој претходно во текот на турнирот се соочуваше со очигледни здравствени проблеми и бараше лекарска помош токму поради болки во стомачниот предел и отежнато дишење.

Се вчитува...