„Сити треба да е исфрлен од Премиерлигата, сите знаеме што правеа“

Поранешниот тренер на Лидс Јунајтед и актуелен селектор на Канада, Џеси Марш смета дека Манчестер сити треба да биде исфрлен од највисокото ниво на англискиот фудбал поради утврдени прекршувања на финансиските правила на Премиерлигата.

Истовремено, американскиот тренер тврди дека во англискиот фудбал со години постојат сомнежи околу начинот на кој работи Манчестер сити. Неговите изјави доаѓаат откако независна комисија кон крајот на септември утврди дека клубот ги прекршил речиси сите клучни точки од обвинението на Премиерлигата.

Комисијата заклучи дека Сити, во текот на девет сезони од 2009/10 до 2017/18 година  користел фиктивни, односно прикриено финансирани комерцијални договори, со кои вештачки ги зголемувал приходите и ги намалувал прикажаните трошоци. Според наодите на комисијата, преку таквите аранжмани, клубот прикажал приходи и расходи кои за повеќе од 900 милиони фунти се разликувале од реалната состојба.

„Тоа лето, ние и Манчестер сити бевме единствените екипи што објавија дека оствариле заработка. Ние навистина заработивме бидејќи ги продадовме Рафиња и Калвин Филипс. Ни останаа многу пари во споредба со сумата што ја добивме за нив. Кога објавија дека го довеле Ерлинг Халанд за 52 милиони фунти, си помислив: „Па, секако“. Знаев дека таму имаше нелогичности, но што можеш да направиш? Едноставно креваш раменици и велиш: „Тоа е фудбалот“, изјави Марш. 

Се вчитува...