Новак Ѓоковиќ победи против Данил Медведев по дисквалификацијата на рускиот тенисер во полуфиналето на турнирот во Пекинг.
По неочекуваниот крај на мечот, Ѓоковиќ изрази загриженост за лицето погодено за време на инцидентот и сочувство кон својот ривал.
„Малку сум шокиран. Жал ми е за тој човек и се надевам дека не е повреден. Жал ми е и за Данил, бидејќи точно знам какво е чувството да бидеш дисквалификуван од меч поради ова. Јас бев дисквалификуван на УС Опен во 2020 година. Бев на три поена од победа. Денеска имавме неверојатна борба“, изјави Ѓоковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
