Конте му се нуди на англискиот гигант

Поранешниот италијански селектор, Антонио Конте, сè уште е без ангажман откако изминатото лето ја напушти клупата на Наполи и не би имал ништо против повторно да работи во Премиер лигата.

Неговото име се поврзува со купите клупите на два гиганти, Јувентус и Манчестер Јунајтед, а Конте сега се огласи во јавноста и потврди дека е заинтересиран да се врати во Премиер лигата, бидејќи претходно го водеше Челси.

„Би сакал да одам во еден од тие клубови и ја симнам прашината од таа историја и да направам повторно да сјае. Тоа е клуб каде постои притисок и каде знаеш дека не одиш само да учествуваш туку да се натпреваруваш“, изјави Конте за италијанските медиуми.

Според италијанските медиуми, јасно е дека станува збор за Јувентус и Манчестер Јунајтед, кои во последните неколку сезони не можат да освојат трофеј и дека е многу поблиску до гигантот од Премиер лигата кој веќе врши притисок врз менаџерот Мајкл Карик да ги подобри резултатите или ќе добие отказ.

Се вчитува...