Шпанската репрезентација во вторник од 20.45 часот гостува во Хрватска, на стадионот „Пољуд“, а голема е веројатноста европскиот шампион во Сплит да настапи без својата најголема ѕвезда во почетниот состав Ламин Јамал.
Шпанија прикажа одлични игри во досегашниот тек од Лигата на нации, оствари три победи и во последното коло влегува со желба да го заокружи овој репрезентативен циклус со максимални 12 бода.
Од друга страна, Хрватска пред својата публика ќе се обиде да се рехабилитира по тешкиот пораз од Англија со убедливи 7-0.
Сепак, шпанскиот селектор Луис де ла Фуенте мора да води сметка за физичката потрошувачка на своите играчи. Неговиот тим се наоѓа во исклучително напорен ритам од четири натпревари за само десет дена, поради што шпанскиот стратег најавува бројни промени во почетниот состав.
Највпечатлива би можела да биде одлуката Ламин Јамал да го започне натпреварот од клупата за резерви. Младиот ас на Барселона беше еден од клучните играчи на Шпанија на првиот дуел против Хрватска, кога постигна два гола и запиша една асистенција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
