Рускиот тенисер Данил Медведев, се пласираше во четвртфиналето на Мастерс турнирот во Мадрид, лесно славејќи против Казахстанецот Александар Бублик со 7-6, и 6-4.
Медведев во четвртфиналето ќе се соочи со победникот од пресметката меѓу Рафаел Надал и Јиржи Лехечка.
Пласман во четвртфиналето обезбеди и Јаник Синер кој во три сета со 5-7, 6-3 и 6-4 славеше против Качанов.
Русинот Андреј Рубљов по 66 минути игра беше подобар од Холанѓанецот Талон Грикспор (6-2, 6-4), а во четвртфиналето ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Карлос Алкараз и Јан Ленард Штруф.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА