Меѓународен фудбалски турнир за двегодишнината од смртта на легендата Благој Истатов

ЖФК СЦ Истатов и ЖФК Тиверија заеднички ќе организираат меѓународен фудбалски турнир во чест на македонската спортска легенда Благој Истатов. На двегодишнината од смртта на Благој Истатов, од 25-27.09. 2020 година, во Дојран и Струмица ќе се одржи Меморијален фудбалски турнир, на кој учество покрај екипите на ЖФК СЦ Истатов и ЖФК Тиверија, ќе земат и две екипи од нашето соседство, чии имиња ќе бидат објавени после нивната официјална потврда.

Тридневното фудбалско дружење во чест и спомен на Истатов ќе заврши со финалниот натпревар кој ќе се одигра в недела, на 27.09 2020 год во 20 часот на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица.

„Легендите живеат вечно и никогаш не умираат ! Наскоро спортската јавност ќе биде запознаена и со деталите и официјалната програма“, порачуваат организаторите на турнирот.

Се вчитува...