Мехмед во финишот и донесе три бода на Шкендија Арачиново на гостувањето во Штип

Фудбалерите на Шкендија Арачиново со победа на гостувањето во Штип ги отворија мечевите од шестото коло во Првата Македонска фудбалска лига.

Шкендија Арачиново славеше со 0:1 против Брегалница и продолжи да се искачува на табелата. Херој на гостите беше Аритон Мехмед кој голот вреден три бода го постигна во 85-тата минута.

Пет минути претходно, домаќините останаа со играч помалку по исклучувањето на Максимов.

Ова е трет триумф за Шкендија Арачиново и со 10 бода се искачи на четвртото место на табелата, додека Брегалница го забележа четвртиот пораз во шест кола и остана на осмата позиција на табелата со шест освоени бодови.

Се вчитува...