Мекалум го реши „трилерот“ во Тексас… (видео)

Изминатава ноќ, од три меча во НБА лигата, беше одбележана од крајно интересниот дуел меѓу Портланд и Далас.

Гостите славеа со погодокот на Си-Џеј Мекалум на три стотинки пред крајот, кога извонредниот бек на Портланд погоди шут вреден за триумф од 114-113.

Претходно, на 3,9 секунди пред крајот, Дирк Новицки погоди тројка за водство на Далас, комплетирајќи пресврт за својот тим, но се покажа недоволно за славје.

Најзаслужен за победата на Портланд беше Мекалум со 32 поени, а голаме поддршка имаше од Демијан Лилард со 29 поени, шест асистенции и пет скока.

Шарлот со 111-107 славеше против Бруклин, последнопласираната екипа на Истокот. Кај Шарлот најдобар беше Белинели со 17 поени, колку што постигнаа и Кемба Вокер и Николас Батум.

Хјустон го надигра Орландо со 128-104 со нов „дабл-дабл“ на Џејмс Харден, кој постигна 25 поени, дополнети и со 13 асистенции и шест скока. Кај гостите Серж Ибака постигна 28 поени.

Се вчитува...