МекГрегор полуде: Хабиб е срам за спортот, а Гејтџи ќе го заколам!

Ирскиот ММА борец, Конор МекГрегор одлучи преку Твитер вербално да се пресмета со најголемите борци на денешницата и свои големи ривали.

МекГрегор одлучи најпрво да ги „исплука“ Џастин Гејтџи и Тони Фергусон, најавувајќи враќање во октогонот.

„Џастин, сите знаеме дека нема опасност од човек кој им ги прегрнува нозете на противниците. Слободно продолжи така да танцуваш и ќе те заколам! Ме критикуваш мене како татко? Ти си мртов човек“ – му порача Конор на Гејтџи, а потоа го „почести“ и Фергусон.

„Никогаш немој повеќе да кажуваш дека ја претставуваш одличната американска нација. Ниту еден Американец не би дозволил да го застапува осуден џихадист. Не заборавај. Ти се слепа будала“.

Очекувано, не го заборави Хабиб Нурмагомедов прозивајќи го за бегство и сокривање од борбите…

„Хабиб е срам за овој спорт. Се крие како глушец, како и секогаш. Само се потврди тоа што го зборувам секогаш. Тој е срам за вистинските борци. Бега од мене, побегна од Фергусон“ – вели Конор МекГрегор.

Се вчитува...