Мекгрегор прифати: Се враќа со борба против Поирие

Конор МекГрегор објави дека ја прифатил понудата на УФЦ за борба против Дастин Поирие која ќе се одржи на 23. јануари следната година.

„Прифатив, 23. јануари е датумот“ – напиша Конор најавувајќи дека борбата треба да се случи на стадионот на Далас во Тексас.

Поирие минатата година го освои привремениот шампионски појас во лесна категорија победувајќи го Макс Холовеј. Во кариерата има 26 победи и шест порази, а еден од шестте порази го доживеа во 2014 година токму во борба против Конор МекГрегор.

За МекГрегор ова ќе биде прв меч по една година и победата над Доналд Чероне по само 40 секунди.

Се вчитува...