Мекгрегор со порака до Хабиб – „Респект за тебе и твојата фамилија“, искрено твој Конор

Хабиб Нурмагомедов ја одбрани титулата во лесна категорија во УФЦ откако го нокаутираше Американецот Џастин Гатје. Честитки за победата стигнуваат од сите страни, а се јави и најголемиот ривал на Дагестанецот, Конор Мекгрегор со своја порака.

„Одлична борба Хабиб. Јас ќе продолжам. Голема почит и за твојот татко. Секако за тебе и твојата фамилија. Со почит, Конор Мекгрегор“, напиша Конор на твитер. 

 

Се вчитува...