Мекиќ со понуда од МЗТ Скопје

МЗТ Скопје за два дена ќе го стартува настапот во АБА2-лигата, но „металците“ сакаат дополнително да го засилат ростерот со ангажман на Адем Мекиќ. Крилниот кошаркар остана без ангажман по згаснувањето на Охрид, но веднаш доби неколку интересни понуди.

Во преден план е онаа на „металците“ од Аеродром, клуб во кој Мекиќ мина неколку сезони, но без преголема минутажа. Тренерот Кочов во него би добил кошаркар кој би покрил неколку позиции, македонски играч кој ќе биде добредојден во ротацијата на домашниот шампионат.

Покрај МЗТ Скопје, понуди до овој кошаркар испратиле и неговиот поранешен клуб Куманово, како и амбициозната управа на Пелистер, а Мекиќ во најскоро време ќе пресече и ќе одлучи каде ќе ја продолжи кариерата.

Се вчитува...