Мексико остана без селектор

Аргентинскиот стручњак Диего Кока повеќе не е селектор на мексиканската фудбалска репрезентација, соопшти Мексиканската фудбалска федерација.

Федерацијата објави и дека Кока на клупата на Мексико ќе биде заменет од поранешниот селектор Хаиме Лозано.

Кока во февруари седна на клупата на Мексико, а за време на неговиот мандат забележа три победи, три нерешени и еден пораз.

Одлуката повеќе да не биде селектор дојде по поразот од САД (0-3) во четвртокот во полуфиналето на Купот на нации.

„Можете да загубите од САД, затоа што тоа е фудбалот. Она што е неприфатливо е начинот на кој се загуби и одлуките на тренерот што го поделиja тимот“, изјави претседателот на Мексиканската фудбалска федерација, Карлос Родригез.

Се вчитува...