Ајакс експресно се опорави од шокантниот пораз од Тотенхем во полуфиналето од ЛШ, па како утеха направи џиновски чекор кон титулата во холандското првенство, прва по пауза пет години за гигантот од Амстердам. Избраниците на Тен Хаг денеска славеа со 4-1 над Утрехт, па по поразот на ПСВ Ајндховен о АЗ Алкмар, сега „црвено-белите“ од Амстердам во пресрет на последното коло имаат три бода предност во однос на големиот ивал.
Во случај на идентичен број на бодови во Холандија решава гол-разликата, со оглед на фактот дека Ајакс во моментов има за 14 гола подобра разлика од ПСВ, јасно е дека титулата треба само математички да се осигура наредниот викенд.
Интересно, Утрехт денеска прв поведе на „Јохан Кројф Арена“ по само 40 секунди игра. Сепак, Ајакс се врати и израмни преку Хунтелар, по што домаќините со головите на Ван де Бек и Тадиќ (два) ја осигураа победата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА