Мелиќи: Привилегија е да се биде дел од репрезентацијата

На денешниот собир на сениорската фудбалска репрезентација на Македонија, се најде и дебитантот Анес Мелиќи.

За фудбалерот на лидерот на табелата во Првата фудбалска лига, Шкендија, е привилегија да се биде дел од репрезентацијата.

„За мене е привилегија да бидам дел од овој тим. Имаме четири многу тешки натпревари, но мислам дека прво треба да мислиме на Швајцарија. Сите знаеме каков противник е Швајцарија. Дај Боже, со Господ напред, да оствариме позитивен резултат. Нормално дека очекувам настап и секоја минута што ќе ми ја даде селекторот ќе дадам максимум“, вели Мелиќи.

Првата можност за потврда на амбициите, македонските фудбалери ќе ја имаат на 26 септември, кога Македонија во Скопје ја пречекува Швајцарија.

Се вчитува...