Најпроблематичниот кошаркар во НБА-лигата во последните неколку сезони, Џа Морант има нов клуб откако Мемфис конечно даде зелено светло за тој да ги напушти „гризлите“.
Портланд трејл блејзерс е новата екипа на експлозивниот бек, кој имаше импресивен почеток на својата НБА-кариера, но во последните години многу поголемо внимание привлекува со испадите надвор од терените, поради што неколку пати добиваше жестоки суспензии и од НБА-лигата и од својот клуб.
Морант одигра само 20 меча минатата сезона, има 79 од вкупно 246 колку што Мемфис одигра во последните три години, па јасно е зошто „гризлите“ направија се што можат за да се ослободат од поентерот.
Во Мемфис се надеваа дека ќе добијат и пикови од наредните драфтови, но намалената вредност на Морант на пазарот придонесе тие да добијат само скромна размена, па од Портрланд за Џа ги добија „само“ Џереми Грант и младиот Крис Мариј.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
