Меморандумот потпишан, Законот за спорт следна етапа во исполнувањето на барањата од ИОК (ФОТО)

Олимпискиот комитет на Северна Македонија, Агенцијата за млади и спорт како и Националните спортски федерации го потпишаа Меморандумот за разбирање кој беше едно од главните барања од Интернационалниот олимписки комитет во неколуте писмени предупредувања кои се однесуваа на ревизијата на спортското законодавство. Меморандумот всушност подразбира договор за автономија и независност на Националниот олимписки комитет како на националните федерации, а е во согласност со олимписката повелба.

Клучната обврска која ја бара ИОК е всушност промената за Законот за спорт кој според договорената динамика треба да биде во нова, усогласена верзија до мај следната година. Минатиот викенд, Олимпискиот комитет на северна Македонија го промени Статутот и со измените мнозинството во собранието го преземаат Националните федерации од олимписките спортови. И оваа промена беше дел од договорот постигнат меѓу претставниците на државните институции задолжени за спорт, Националниот олимписки комитет и ИОК во Лозана.

 

 

 

Се вчитува...