Битола денеска и утре ќе биде во центарот на вниманието на домашната кошаркарска јавност, во „градот на конзулите“ ќе се одржи меморијалниот турнир „Зоран Петковски – Петкото“ во чест на прерано починатиот кошаркар кој остави длабока трага врз овој спорт во Битола, но и низ цела Македонија.
Меморијалниот хуманитарен турнир „Зоран Петковски – Петокото“ е повеќе од кошаркарски настан – тој е потсетување на човекот кој остави трага и можност таа трага да продолжи преку спортот, заедништвото и хуманоста. Петкото беше кошаркар, тренер и наставник, но пред сè човек кој со својата посветеност и карактер остави белег во животите на многумина.
Токму затоа, меморијалниот турнир носи посебна вредност. Покрај спортскиот и меморијалниот карактер, тој има и хуманитарна мисија, со која преку кошарката ќе се испрати порака на солидарност, заедништво и помош.
На турнирот ќе настапат екипите на Пелистер, МКК Куманово, МЗТ Скопје Аеродром и ТФТ, а натпреварите ќе се играат во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
ПОЛУФИНАЛЕ – 16 СЕПТЕМВРИ
18:30 часот: Пелистер – МКК Куманово
20:30 часот: МЗТ Скопје Аеродром – ТФТ
НАТПРЕВАРИ ЗА ПЛАСМАН – 17 СЕПТЕМВРИ
15:00 часот: Натпревар за трето место
17:00 часот: Финале
-
Спортска сала „Боро Чурлевски“ – Битола
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
