Меморијален турнир во карате „Димче Кичевски“

Претстојниот викенд, на 6 април 2019 година со почеток во 10 часот во Оу „Круме Кепески“ ќе се одржи Вториот Меморијален Карате Турнир „Димче Кичевски“ во организација на Карате Клуб „Скопје“. Турнирот ќе биде за деца, пионери, помлади кадети, кадети и Јуниори во категорија во Ката и Кумите. Овој Турнир е организиран во чест на прерано починатиот карате-великан Димче Кичевски.

– Димче Кичевски е мајстор на Карате спортот носител на 6-ти Дан.

– Основач и главен тренер на КК ВОДНО, Скопје. Селектор на сениорската карате репрезентација на Македонија за спортска борба.

– Поранешен претседател на Македонската карате федерација.

– Повеќекратен републички и југословенски шампион.

– Балкански шампион.

– Прв Селектор на Карате репрезентацијата на Македонија

– Како селектор и тренер, Димче Кичевски, го предводи Македонскиот државен тим на Европските првенства во Прага – Чешка 1993, Хелсинки -Финска 1995 и Белград – Србија 1998 и на Светските првенства во Гранада – Шпанија 1992, Кота Кинабалу – Малезија 1994 и Сан Сити -Јар 1996.

– Претседател на Карате Федерацијата на Македонија

– Добитник на наградата “13 Ноември” од Собранието на Град Скопје за 1983 година.

– Во 2006 година на манифестацијата “Македонски спортисти кои го одбележаа 20-от век”, во организација на Музејот на Македонија, а под покровителство на Владата на Република Македонија, Кичевски влезе во најдобрите 31 спортисти од сите спортови.

–  Од страна на Факултетот за физичка култура и сите електронски и пишани   медиуми, при изборот на “Спортист на векот во 2000 година”, Кичевски беше прогласен за “Спортист на векот од областа на Карате спортот”.

– Диплома за “Особени заслуги и придонес за работата и развојот на средното училиште за внатрешни работи” од Скопје за 1975 година.

–  Добитник е на “Златна спомен плакета” од Сојузот на организациите за физичка култура на Македонија, по повод 30 години на Физичката култура, во 1976 година.

– Добитник е на високото “Признание” за посебен придонес и развој на Карате спортот во СФРЈ во 1989 година.

– Повеќе пати е прогласуван за спортист и тренер на годината од страна на СД “Вардар”, “Карате сојузот-на Македонија” и многу други признанија и плакети.

Постхумно му е дадена и државната награда „8 ми септември” за спортски работник за 2015 година.

Димче Кичевски почина на 08.08.2015 година.

Се вчитува...