Менаџерот на Абердин: Успехот на Миовски може да ни помогне во носење на нови играчи

Според менаџерот на Абердин, Џим Гудвин, успехот на македонскиот репрезентативец Бојан Миовски и на Илбер Рамадани, може да му помогне на тимот за идните засилувања на екипата.

Напаѓачот и играчот од средниот ред беа донесени во МТК, и двајцата „царуваат“ во новата средина. Особено Бојан Миовски кој досега има постигнато 12 гола во дресот на Абердин.

Миовски беше платен околу 600.000 евра, и сега во моментов неговата цена е 4-5 милиони евра.

„Одлично е за нас како клуб што во идното ангажирање на играчи, може да ги споменеме примерите како Миовски и Рамадани. Тие дојдоа од тим кој испадна од Унгарија, и тука кај нас играат многу добро“, рече Гудвин.

„Можеме да кажеме како тим одлично ги селектиравме двајцата како некои кои може да придонесат за да се крене играта на нашиот тим. Тие беа одлични“, додаде Гудвин.

Се вчитува...