Мендеш со само три збора даде одговор на шпекулациите за трансферот на Роналдо во Барселона

Утрово фудбалска Европа ја размрда информацијата за наводната понуда од Јувентус до Барселона за откуп на договорот на еден од најдобрите светски фудбалери, Кристијано Роналдо.

Но, не се чекаше долго и на одговорот од страна на менаџерот на Роналдо, Португалецот Хорхе Мендеш кој во изјава за шпански „Ас“ искористил само три збора.

„Се е лага“ – кратко одговорил Мендеш на шпекулациите за евентуалниот трансфер на Роналдо во Барселона.

Роналдо со Јувентус има договор до 2022 година кој сака да го испочитува до крај. Сака до тогаш да ги исполни и даденото ветување дека со тимот од Торинот ќе стигне до трофејот во Лигата на шампионите.

Се вчитува...