Мешков Брест стравува од европскиот шампион

Вардар и Мешков Брест утре во првото полуфинале на Ф4 турнирот во Скопје ќе се борат за финале во регионалната СЕХА лига. Тренерот на белорускиот тим, Сергеј Бебешко ја истакна фаворитската улога на европскиот шампион, но најави дека ќе се обидат достојно да парираат и покрај пеховите со повредите на играчите што ги имаат.

Пред нас имаме тешка задача да играме против еден од најдобрите тимови во светот. Вардар е европски шампион и игра на домашен терен. Но, ќе бидеме максимално ангажирани и ќе се обидеме да победиме и да се пласираме во финалето. Имаме проблем со повредите, тројцата клучни играчи ни се повредени, но имаме силен карактер и ќе се обидеме да му се спротивставиме на Вардар и без нив“ – изјави Бебешко, додавајќи дека во играта најмногу ќе му недостасува левиот бек, Александар Шкурински.

Дека порив Вардар во Скопје ќе имаат пеколно тешка задача, нагласи и пикерот на Мешков Брест, Вид Потеко.

„Нашата желба беше да завршиме на второто или на третото место во регуларниот дел за да го избегнеме Вардар на Ф4. Но, поради силното темпо на сезоната имавме многу проблеми со повредите, загубивме неколку клучни играчи и не ни се исполни желбата. Играме против најдобриот тим во светот и ќе го дадеме најдоброто од нас и ќе се обидеме да забележиме успех во ова полуфинале“ – нагласи Потеко.

Се вчитува...