Meси атакува на јубилеен 30. трофеј со Барселона

Лионел Меси денеска ќе го одигра своето јубилејно 25. финале во кариерата, а доколку Барселона триумфира над Алавес во „кралскиот“ куп, ќе биде негова 20. јубилејна победа во финалните мечеви. Овој податок потврдува дека Меси речиси и да не знае за пораз во завршниците, а ќе биде среќен ако го додаде 30. трофеј во колекцијата.

Аргентинецот во неговото фудбалско патешествие вкупно има загубено пет финални средби, првпат против Севилја во европскиот Суперкуп во 2006 година. Во два наврати загуби од Реал Мадрид во Копа дел реј во 2011 иво  2014 година, а потоа од истиот ривал беше поразен во Суперкупот на Шпанија во 2012 година, како и од Атлетик Билбао во истото натпреварување во 2016 година. Сепак 19 триумфи се повеќе од доволни, за позитивен исход од 79%, а вкупно има постигнато 25 гола и 9 асистенции.

Се вчитува...