Меси доминира – два гола и асистенција (видео)

Лионел Меси се врати во својот мундијалски ритам предводејќи го Интер Мајами до ппобеда од 4-2 над Атлетико Сан Луис во рамките на лига-купот, натпреварување во кое учетвуваат клубови од САД, Канада и Мексико.

Интер Мајами лани го загуби финалето од Сиетл и нема сомнеж дека Меси и соиграчите се максимално мотивирани овојпат да стигнат до трофејот.

Атлетико ги изненади со рано водство, но тогаш на сцена стапи Меси, со два гола носејќи целосен пресврт, воедно и асистирајќи до младиот Ноа Ален за заслужена победа на Интер Мајами.

Со тоа, Меси стигна до бројката од 14 погодоци во Лига-купот, со што е најдобар стрелец од формирањето на ова натпреварување.

Се вчитува...