Меси е лош губитник – полуде, удри противнички играч и доби црвен картон

Лионел Меси се почесто ги губи нервите по неуспесите на Барселона, а фрустрациите му кулминираа во финишот од вечерашното финале на Супер-купот на Шпанија против Атлетик Билбао.

Каталонскиот гигант беше во негатива од 2-3 во 120. минута кога Меси ги загуби нервите, па откако ја додаде топката го удри противничкиот фудбалер Вилјалибре. ВАР-камерите го забележаа инцидентот и Аргентинецот заслужено доби црвен картон, откако Барса остана без посакуваниот трофеј.

Ова беше прв црвен картон на Меси на еден официјален натпревар на Барселона.

Се вчитува...