„Меси ефект“ – Интер Мајами е пославен од „оригиналниот“ Интер

Еуфоријата која ја приреди Лео Меси во Соединетите американски држави не запира, поготово по дебито во дресот на Интер Мајами, натпревар на кој аргентинскиот ас дебитираше со фантастичен гол во 94. минута вреден победа за неговиот тим.

На социјаните мрежи се појавија интересни податоци кои велат дека од ден за ден бројот на следбеници на „Инстаграм“ профилот на Интер Мајами се зголемува, а за тоа „виновен“ е Аргентинецот.

Од 990 илјади следбеници пред ангажманот на Меси сега профилот брои 11.2 милиони следбеници кои го прават тимот од Флорида повеќе следен на социјаните мрежи и од „оригиналниот“ Интер. Италијанскиот клуб има 9.9 милиони следбеници.

Се вчитува...