Меси ги поместува границите во Ла Лига: 25 гола во 12 последователни сезони

Барселона им се врати на победите откако на натпреварот од 31. коло во шпанското првенство славеше со 5-2 над Гетафе. Еден од најзаслужните за победата на каталонскиот состав беше Лео Меси кој со два гола и асистенција блирираше на теренот. Аргентинецот имаше и шанса да стигне до хет-трик, но пеналот во 93. минута од мечот му го препушти на Гризман.

Овие два гола беа доволни за 33-годишиникот повторно да ја надмине границата на 25 постигнати погодоци во една сезона, што за него е дванаесетта сезона по ред. Како потсетување Меси оваа сезона го сруши рекордот на Пеле како играч со најмногу постигнати голови во една лига.

Се вчитува...